Наследничката на Баба Ванѓа со ново пророштво: Наскоро би можеле да останеме без…


Таа е најавена од самата Ванѓа, а руските медиуми пишуваа дека нејзината наследничка ќе се појави повторно, за малото девојче долго време се тврдеше дека починала, но вистината е сосема поинаква.

Девојката се вика Каеда Убер и живее во Монпелие. За неверојатните сличности помеѓу неа и Ванѓа се раскажува во обемната репортажа на руската телевизија НТВ.11beenkbeur_wide

Сличностите меѓу Ванѓа и Каеда се во голем број. И француското девојче како Баба Ванѓа почнува да губи видот. Малата Каеда дури ги има и истите гестови како Ванѓа.

Таа може да ги лекува другите, но не и себе. По примерот на македонската пророчица и девојчето гледа духови, но има страв од темнината, бидејќи ноќе нејзините визии се најсилни.

За девојчето се тврди дека ја наследи дарбата на Ванѓа. За Каеда се зборуваше уште во 2011 година, кога таа имаше само 7 години.

Дури и специјалисти се зафатиле со проекти да научат повеќе за феноменот на Каеда. Се вршеле понатамошни испитувања во Русија за паранормални нешта и да се открие дали навистина таа контактирала во сон со Ванѓа, како што тврдела смата. Година подоцна беше соопштено дека девојчето загинало во сообраќајна несреќа.

Но, во јануари од руската телевизија успеваат да го пронајдат детето и да направат долга репортажа за него. Според руските медиуми, едно од пророштвата на Ванѓа е дека таа ќе ја предаде нејзината дарба на жена од Франција. Русите се 100% убедени дека тоа е токму Каеда.

Сличностите меѓу Французинката и Ванѓа се застрашувачки. Исто како Ванѓа, и детето покажува со прст кога ги искажува своите предвидувања. Си ги допира слепоочниците на ист начин, а веќе треба да носи очила, бидејќи видот ѝ се влошува и постои опасност да го изгуби.

За визите на Ванѓа велела: „Тоа не можеш да го исклучиш како радио.“

И Каеда гледа ноќе различни духови – мажи и жени. Таа најмногу се плаши од црн маж кој ѝ се јавува. Тука Русите пак прават паралела со баба Ванѓа, за која велат дека се плашела од еден маж. Тој доаѓал кај неа и тогаш таа паѓала во транс.

-Таа ќе гледа во иднината, како што гледам и јас, предвидела Ванѓа.

Така се случува и со Каеда. Девојчето се плаши страшно многу од бегалците. Нив веќе насекаде ги гледа и вели дека некои од нив се добри, но чувствува и закана.

Според неа, масакрот во Париз е трагедија која ќе се повтори.

Најчудните нешта околу Каеда почнале да се случуваат уште кога нејзината мајка забременила со неа. Жената сонувала чудни работи, без да знае дека чека дете. Ѝ се јавиле две девојчиња во сон за да ѝ пренесат дека е бремена.

Отишла на гинеколог и тој го потврдил тоа, но таа не сакала да го дознае полот на детето. По некое време, сонила нов сон со девојчињата кои ѝ пренеле дека ќе има ќерка.

Меѓу најчудните случки со Каеда од детството е една играчка на Дедо Мраз. Иако во неа немало батерии, штом детето влегло во собата играчката почнала сама од себе да работи. Тогаш Каеда им рекла на своите блиски дека некој сака да се поврзе со неа.

Во друг случај, нејзината мајка се разбудила од кошмар и слушнала дека Каеда вреска и дека некој го мрда нејзиниот кревет. Се покажало дека навистина креветот се движи без очигледна причина. Каеда повторно објаснила дека некој сака да контактира со неа.

Детето често ја предупредува својата мајка дека им претстојат проблеми, најмногу за здравјето. Така, Каеда во една ситуација го спасила својот дедо. Рекла дека треба веднаш да се слушнат со него за да видат како е.

Почнала да вика: „Јавете му се на дедо! Смрт! Смрт! Смрт!“

Мајката му се јавила и се испоставило дека тој доживеал мозочен удар. Лекарите брзо реагирале и дедото бил спасен. Така, роднините на девојчето навикнале дека штом таа ќе каже „смрт“, треба брзо да реагираат.

Исто како и Ванѓа, детето може да лекува со рацете други луѓе, но не и себе. Во 2013 година добила конвулзии. Штом ја крстиле во црква, Каеда закрепнала. Девојчето објаснува дека кога ќе се појави „магија“ во нејзините раце, може да лекува болести.

Според неа, наскоро водата за пиење на планетата ќе исчезне. Едно од пророштвата на Ванѓа вели дека еден ден водата за пиење ќе стане поскапа од златото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1