Наставничка во Скопје заболена од туберкулоза – учениците се тестираат


Наставничка во ОУ “Васил Главинов” во Чаир, заболена од туберкулоза, е причината поради која 60 ученици и 10 наставници биле на вонреден систематски преглед. Од нив, никој не е заболен.skolo vnatre

Наставничката повеќе од две недели е хоспитализирана на институтот за белодробни заболувања, и е во стабилна состојба, и добива соодветна терапија.

Негативни биле тестовите и на членовите на семејството на заболената. Во вторник превентивно ќе бидат прегледани и други ученици.

Како превентива, Центарот за јавно здравје во сите простории во училиштето направиле вонредна дезинфекција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1