Тинејџер коj претрпел тежок срцев удар и бил починат 7 минути бил спасен од неговиот наставник кој знаел да направи реанимација и не престанал се додека не дошла брзата помош.
17 годишниот Ден Едвардс се срушил откако истрчал по скалите во своето училиште брзајќи да стаса на закажан лекарски преглед во училиштето.
Срцето престанало да му чука и момчето званично било мртво, но еден од професорите не се откажувал со реанимација и успеал да го поврати момчето. Наставникот Мет Харвуд очајно се борел да го одржи момчето во живот додека не стаса брзата помош. Се плашел што и покрај тоа што му го масирал градниот кош и му давал вештачко дишење пулсот на момчето 7 минути не се повратил.
Откако е хоспитализирано момчето на неговите родители лекарите им кажале дека незнаат дали ќе успее да се извлече и покрај тоа што наставникот успеал да му го врати пулсот и дека постои можност да има оштетување на мозокот бидејќи момчето 7 минути било мртво. Но еден месец подоцна Ден ги запрепастил лекарите кога потполно се опоравил и е пуштен дома. Сега се одмара во куќата во Ворчестер.
,, Беше страшно, испративме здрав син на училиште, за подоцна да ни кажат дека ќе го загубиме засекогаш. Но тој успеа да заздрави и тоа е вистинско чудо бидејќи сите ни велеа дека нема,, изјавила неговата мајка Су
Дени има хипотрофична кардио миопатија и вграден му е кардиовертер дефибрилатор, со чија помош ќе се одржува правилен ритам на срцето.
,, Сакаме пријазната за Ден да ја чујат сите за да сите научат колку е важно да знаат реанимација. Еве во неговиот случај тоа беше прашање на живот и смрт, не сакаме ни да помислиме што ќе се случеше доколку професорот не знаеше реанимација,, рекле родителите