Македонка бодена од сопругот со нож за да не биде убава


Поранешниот сопруг со кујнски нож ја избодел Македонката Билјана Наумоски од Австралија во пределот на вратот, рацете и телото, – објави Австралија Њуз, пренесува плус инфо.

Кога полицијата го запленила ножот како доказ, тој бил свиткан за 90 степени.

Нејзиниот поранешен сопруг Ален Наумоски (25) може според судската пресуда, да биде пуштен со условна казна, откако ќе ги отслужи трите години затвор за тешки телесни повреди со намера да се осакати, нагрди или оневозможи жртвата. Таа сега стравува за својот живот.

Нејзиното тело и лице се прекриени со трајни модри лузни кои се последица од нападот, но има и повреди на слезината и пукнато ушно тапанче.

Судијата Филип Мекан изјавил дека Наумоски ја бодел својата сопруга „толку колку што било физички можно да го прави тоа“ и намерно ја осакатувал, „за веќе да не биде убава“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1