Најзадолжениот човек на светот – Мора да врати шест милијарди евра!


Поранешниот брокер на француската банка Société Générale му била одбиена жалбата и поради измама, мора да врати шест милијарди долари.


Станува збор за Жером Кервил кој должи вртоглави шест милијарди долари, односно 4,9 милијарди евра. Имено толку го чинела измамата на берзата која ја направила француската банка Société Générale, а тој износ мора да го плати откако ќе отслужи тригодишна затворска казна.

Кервил е осуден на три години затвор, со две годишна условна казна.

Неговото тргување била една од најголемите измами во историјата на банкарското работење. Осуден е за злоупотреба на довербата, проневера и внесување на погрешни податоци. Пресудата е донесена во 2010 година, на која брокерот покренал жалба, која пред неколку дена му била одбиена.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1