Телевизискиот канал National Geographic е заинтересиран да направи тв-реконструкција на падот на авионот со кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во близина на Мостар, тврди главниот истражител на Комисијата која го истражуваше падот на авионот, Омер Кулиќ. Тој во вторникот во Сараево го презентираше извештајот за загинувањето на Трајковски.
Авионот се сруши на 26 февруари 2004 година, неколку километри од мостарскиот аеродром, а потоа се запали. Сите патници загинаа на лице место.
На местото на несреќата пронајдени се две црни кутии, а босанскиот весник „Дневни аваз“ на интернет страницата објави аудио снимка од реконструкцијата од разговорот меѓу пилотот, копилотот и контролата на летање во Мостар, која тогаш била под команда на францускиот контингент на СФОР.