НАТО и САД целосно застанаа зад Турција


Најмоќните западни сојузници на Турција, Соединетите американски држави и НАТО застанаа денеска целосно во одбрана на официјална Анкара. Американскиот претседател Барак Обама, кој  во белата куќа разговараше со францускиот лидер, Франсоа Оланд, оцени дека Турција има право како секоја друга држава да го брани сопствениот територијален интегритет и воздушен простор.

barack-obama-sticky1Обама повторно ја повика Русија целосно да се посвети исклучиво на борбата против Исламската држава, додавајќи дека  властите во Москва и Анкара треба да преземат повеќе мерки за деескалација на ситуацијата.

Исто така мислам дека ова посочува на постоечки проблем со руските операции, во смисла дека тие ги изведуваат многу блиску до турската граница и дека ја напаѓаат умерената опозиција, која ја има поддршката не само на Турција, туку и на голем број други држави. Доколку Русија ја насочи својата енергија кон Исламската држава, помалку е веројатно дека ќе се случат некои од овие конфликти а намален е и потенцијалот за грешки или ескалација, изјави американскиот претседател, Барак Обама.

Обама не коментираше на чија територија бил соборен рускиот авион.

Малку подоцна и портпаролот на Пентагон, Питер Кук, изјави дека се уште не може дефинитивно да се заклучи каде точно се наоѓале авионите и се уште се анализираат податоците од радарите.NATO

За разлика од американците, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не се колебаше да го потврди ставот на официјална Анкара, односно тврдењето дека рускиот авион бил соборен на турска територија.

Сојузничките проценки кои ги добивме од неколку сојузници во текот на денот се конзистентни со информациите кои ги добивме од Турција. Јас и претходно изразив загриженост заради импликациите од воените акции на руската федерација блиску до границите на НАТО. Ова ја подвлекува важноста од постоењето и почитувањето на договорите за да се избегнат вакви инциденти во иднина. Како што повеќе пати јасно кажавме, ние сме солидарни со Турција и го подржуваме територијалниот интегритет на нашиот НАТО сојузник, Турција, подвлече Столтенберг.

САД, Франција, НАТО сите заеднички повикаа на деескалација на тензиите и разговори меѓу властите во Анкара и Москва. Дека тоа нема воопшто да биде лесно потврдува и вечерашното соопштение на руското министерство за одбрана кое најави засилување на операциите во Сирија и прекинување на воените контакти со Турција.

Читајќи го соопштението на националната телевизија, генерал полковникот, Сергеј Рудској, подвлече дека ќе бидат преземени мерки за зајакнување на воздушната одбрана и дека сите цели кои претставуваат потенцијална закана за руските сили, ќе бидат уништени. Тој најави дека ќе бидат испратени и дополнителни сили во регионот Латакија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1