НАТО загрижен поради руската акција во Сирија


НАТО синоќа изрази загриженост дека во воздушните напади на Русија во Сирија се разорени области на земјата кои ги држат бунтовниците, а не позиции на Исламска држава

– Загрижен сум поради извештаите дека мета на руските воздушни напади не била ИД, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на САД.NATO

Столтенберг додаде дека особено го загрижува тоа што руската страна не се потрудила да ги усогласи своите воздушни напади во Сирија, со тековната операција на коалицијата предводена од САД против Исламска држава.

Претходно вчера и американскиот секретар за одбрана Ештон Картер рече дека во воздушните напади во Сирија најверојатно се погодени и овласти во кои нема борци на Исламска држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1