Трамп: Сите бегалци ќе ги вратам во Сирија ако бидам претседател


Републиканскиот кандидат за претседателска номинација Доналд Трамп изјави дека доколку биде избран за претседател ќе ги врати во Сирија сите бегалци, кои ќе пристигнат во САД, пренесува Танјуг.

– Доколку победам тие заминуваат назад, порача Трамп на митинг во Нов Хемпшир.donald tramp

Трамп со оваа изјава малку го измени претходниот став. Тој на почетокот на минатиот месец за Фокс њуз изјави дека САД би требале да примат повеќе бегалци.

– Слушам дека сакаме да примиме 200 илјади Сиријци. Слушајте, но тие би можеле да бидат Исламска држава, рече Трамп, нарекувајќи ја таа група луѓе „војска од 200 илјади лица“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1