Хрватскиот неделник „Национал“ пишува дека шпиони од Босна и Херцеговина прислушуваат и тајно следат политичари и претприемачи од Хрватска.
Списанието објави документи и наведе дека биле откриени неколку тајни извештаи на босанската Разузнавачка агенција за безбедност (ОСА) кои покажуваат дека „таа служба води специјална борба против Хрватска, нејзиниот премиер Андреј Пленковиќ, надворешната политика на хрватската Влада, како и против хрватскиот народ во БиХ“.
„Национал“ ја обвинува агенцијата дека ја злоупотребува дејноста за политички цели и работи во полза на муслиманскиот член на босанското претседателство Алија Изетбеговиќ, како и дека не е единствена институција во Босна и Херцеговина што функционира на тој начин.