Нацистите „создавале“ деца-надлуѓе кои и денес се живи


Нивната идеја била да одгледаат во специјални домови стотина илјади русокоси и силни деца, за да до 1972 година Голема Германија добие 120 милиони надлуѓе.

Освен логорите на смртта, втора најголема тајна на нацистите за измена на светот, бил т.н. проект Лебенсборн. Според расистичките идеи на филозофот Розенберг, техничките детали ги разработил Хинрих Химлер.hitler-pozdrav

Сакале да го променат човечкиот вид

Нивната идеја била да одгледаат во специјални домови стотина илјади русокоси и силни деца, за да до 1972 година Голема Германија добие 120 милиони надлуѓе.

Нејзините вооружени сили во тој контекст би се зголемиле на 600 СС-дивизии. Со таа воена моќ никој никогаш не би можел да им се спротивстави.

Таа сосема неверојатна идеја на промена на човечкиот вид на целата планета била можеби и најлудата замисла која таа нацистичка група опседната со мистик, култови, алхемија, некогаш ја смислила.

Идеални им биле Норвежаните, „потомци на Викинзите“

„Нордискиот човек е најубавото човечко битие на светот. И по интелигенција и по својата појава, тој е супериорен. Нордиецот е светлокос, има сини очи- крал над кралевите во однос на сите други припадници на човечката раса на земјата“, напишал Ханс Гунтер, нацистички теоретичар на расите.lebensborn2

Викинзите според овие теории, давале идеално ариско потомство, бидејќи ги имале сите карактеристики како Германците, па дури и подобри. Но Норвешка не била доволна.

lebensborn

Собирале жени за создавање на суперариевакараса

Според планот на Химлер, создаден е специјален тим на агенти кои требало да собираат жени за создавање на суперариевска раса од окупираните земји, но и од целиот свет.

Тие барале жени во Норвешка, Холандија, Белгија, Данска, Франција, Британија, Канада, Австралија и во САД. „Обележаните“ жени се праќани во Германија.

Порекот таму веќе бил во полн замав. Кон средината на 1936 година Химлер го отворил првиот Лебенсборн во предградие на Минхен. Во составот имало Домови за мајки и Домови за деца.

Експериментот за нацистите не успеал

Но, многу делови од експериментот не тргнале на добро. На многу новореденчиња почнале да им темнеат сините или зелени очи.

Јозеф Менгеле се прашувал може ли да се промени бојата на очите? Може ли косата да потемни поради честите изложувања на сончеви зраци?

Децата кои не останале русокоси, ги чекала тажна судбина. Загушување со плин. Пред самиот крај на Рајхот, Хитлер наредил уништување нан сите Лебенсборн деца, но тој план е спречен.

lebensborn2

Проектот бил таен, додека Американците не ја пронашле архивата

Проектот Лебенсборн бил строго чувана тајна и за него можеби и не би се дознало ако Американците, по ослободување на Германија, не дошле до архивата и не ги пронашле бројните домови во кампусот.

До крајот на војната родени се, наводно, повеќе од 42.000 деца од мајки доброволци и СС војници, во тајни клиники во Германија и во окупираните земји. Но, наводно, уште 200.000 русокоси и синооки деца се земени и однесени во „Церството“.

Американците, децата за кои се воспоставило дека се дел од експериментот на нацистте, сакале да ги вратат во матичните држави, но тие на таа идеја реагирале панично. Овие деца, интензивно германизирани, индоктринирани во нацистичкиот дух, главно останале во Германија.

Проектот го продолжил Николае Чаушеску

Се проценува дека денеска во таа земја живеат повеќе од 100.000, но тоа е уште една приказна за која не се зборува јавно. Сојузничките обвинители не успеале да ги соберат сите детали за Лебенсборн. Нацистите во Нирнберг се обвинети поради 40.000 киднапирани русокоси деца од Полска, но случајот е проследен со завера на молчење.

Според некои информации, Лебенсборн во Романија, наводно го продолжил Чаушеску.

Жалната судбина на илјадници деца кои по војната во Европа оделе како проколнати, жигосани, без дом, без татковина, е трајно предупредување за цената која се плажа за налудничавите планови за расна доминација.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1