Агенцијата Блумберг откри дека внуците на шефот на наци-пропагандата се милијардери. Но, не е баш крвно поврзано. Еве како.
Во 1931-та Гебелс се оженил со Магда Квандт, која претходно била мажена за индустријалистот Гинтер Квандт (но и со уште еден човек пред него).
Харалд Квандт (син на Магда од првиот сопруг) се преселил кај семејството Гебелс по новиот брак на мајка му. Харалд е момчето што седи најлево, на оваа слика од Гебелс со семејството:
Откако Гинтер – самопрогласен наци-следбеник иако неинволвиран во криминалот на режимот – починал, Харалд и неговиот полубрат Херберт Квандт го наследиле неговото богатство.
Тоа наследство вклучувало сопствеништво на две големи индустриски фирми, како и удели во автомобилската компанија Дајмлер-Бенц и рударската фирма Винтершал АГ.
Денес, вдовицата на Херберт, Јохана Квандт, 86, и нивните деца Сузана Клатен и Штефан Квандт остануваат најголеми акционери во БМВ. Ќерките на Харалд Квандт, Катарина Гелер-Хер, 61, Габриела Квандт, 60, Анете-Ангелика Меј-Тајс, 58, и Колин-Бетина Росенблат исто така се милијардери и живеат многу приватен живот.
Гебелс се отрул себе си и своите биолошки деца кон крајот на војната.