Научници го открија долго изгубениот антички град Ву


Кога еден археолошки тим го започна истражувањето на полињата во Муду (Џијансу, Кина) во 2009, открија дека се работи за остатоци од антички град, а понатамошната истрага покажува дека овој подземен град има историја подолга од 2,400 години.

 Тимот од Кинеската Академија за Социјална Наука и Сижоу – Археолошкиот Институт, неодамна ја завршија првата фаза од истражувањето и откри дека станува збор за едно од најголемите антички градови во Кина од Пролетниот и Есенскиот период (770-476 п.н.е), изјавува Чен Џун, директор на Археолошкиот институт Сижоу. иако додава дека се уште е рано за било какв заклучоци.

Експертите нашле околу 240 градови, вклучувајќи и гробници, работилници и градски порти во вода. Возбудените академици се надеваат дека овие откритија ќе им помогнат при решавањето на некои историски загатки.

Културата на овие градови имале големо влијание врз модерните Џиангсу и Жеџианг покраини. Но постојаните борби предизвикале масовни саботажи на гробниците и уништиле голем број културолошки реликвии во нивно време.

Според бројни историски референци, вбројувајќи го и Шиџи, или Recors of the Grand Historian, главниот град на Ву бил лоциран близу Сужоу за време на последните години од земјата. Историчарите долго време шпекулираа дека бил закопан под Сужоу, но откриениот антички град во Муду започна нови шпекулации.

Градот се најде на листата на 10 најголеми откритија во Кина во 2011 година.

„Откривањето на античкиот град Муду вопостави дом за сите гробници и културни реликвии кои го опкружуваат Сужоу.“ – вели Сонг Џиан, шеф на археолошкиот дел на Shanghai Museum. Исто така  изјавува дека неговиот Археолошки институт Сужоу планира да објави книга базирана врз пронајдоците. Во план е изградба и на историски парк за подобро информирање на јавноста.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1