Мамографијата не била корисна – ново откритие на научниците


Истражувачи на една нова студија, објавена во „New England“ весникот за медицина, тврдат дека момографијата и не е толку корисна колку што се мислеше.

Во нивните истражувања се покажало дека во последните 30 години околу 1,3 милиони жени, кај кои што биле откриени мали бенигни и привремени абнормалности, можеле самите од себе да се поправат.
Голем број пак од специјалистите како доктор Даниел Б. Копанс, од Општата болница во Масачусетс ги отфрли ваквите наоди нарекувајќи ги малциозни глупости, кои имаат за цел да им го ускратат правото на жените да ги направат редовни прегледи, а како главна причина го наведе кратењето на трошоците за здраствена заштита.

„Кога ние ќе го слушнеме зборот рак сите претпостауваме дека дефиницијата за ова во медицинскиот речник е тумор, кој што мора да се лекува, затоа што истиот незапирливо расте и предизвикува смрт. Но, според утврдените истражувања се покажува дека паталошката дефиниција за рак вклучува абнормалности кои што понекогаш знаат да се поправат самите од себе“, велат авторите од направената студија.
Специјалистот Саматиа Дестоинис пак им возврати на авторите, земајќи ја сериозно во предвид нивните истражувања.

„Не постои начин на кој специјалистот ќе знае да му соопшти на пациентот дека шансите за аномалиите да се исправат се 100%. Како можеме на почетокот да им кажеме дека шансите им се веројатно минимални за туморот да расте, а потоа, кога веќе ќе биде предоцна да го промениме мислењето.
Ова не е прв пат да се направи обид да се нападне досегашниот медицински третман за пронаоѓање на рак на дојката.

Во 2009 година US Preventative Services Task Force, заклучиле дека моменталното ниво на тестирање ги принудува жените на непотребни финансиски трошоци и емоционални исцрпувања. Тие исто така истакнале дека лажните позитивни наоди и нездравата изложеност на зрачење била главната грижа за ваквиот нехуман однос кон пациентите.
За жал денеска жените се уплашени до тој степен, што голем број од нив всушност ги отсекуваат своите гради за да го отстранат ризикот дека нешто може да им се случи.

latimes.com

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1