Научници тврдат дека го докажале постоењето на живот после смртта


Група германски психолози, доктори и научници во Берлин тврдат дека го докажале постоењето на живот после смртта, објавија некои странски медиуми.

За време на изминатите четири години 944 волонтери биле воведувани со помош на лекови во состојба на клиничка смрт во која биле 20 минути.lekari zivot

Потоа со комбинација на други лекови ги оживувале, а потоа ги бележеле нивните сеќавања. Лековите, како што тврдат, требало да осигураат дека луѓето ќе ја поминат состојбата на клиничка смрт и оживување без последици.

На чело на тимот бил д-р Бертхолд Акерман, кој тврди дека поголемиот број на испитаници проживеале слични искуства – чувство на одвојување од телото, смиреност, удобност, средба со светлина.

Тој заклучил дека постои живот после смртта. Истражувајќи ја позадината на приказната, не најдовме релевантни податоци за таа студија, ниту за д-р Акерман, а на јавноста не им е позната нивната претходна работа, што фрла сомнеж на вистинитоста на експериментот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1