Научниците од Руската Академија на Науките откриле живеалиште од верверица по што го испитувале составот од прастариот слој земја на бреговите на сибирската река Колим за која се сметаше дека е постара од 17 илјади години, а во живеалиштето на верверицата нашле дури 800 илјади семки од овошје вклучувајќи и семки кои биле навистина добро зачувани.
Научниците од Рускиот Институт за Биофизија успеале да извлечат неоштетени семки и успеале да добијат здраво растение кое пораснало и дури процветало за неколку недели. Фосилниот вид на ова растение растел на просторите на Сибир пред 32 илјади години, точно за време на крајот на леденото доба.
Семето од повторно оживеаното растение кое го носи името Silene stenophylla е ископано на длабочина од 38 метри, точно на подрачјето на некогашната тундра
Оживувањето на овој вид растение покажало дека е сосема исто со модерниот вид но фосилниот вид има различен облик на цвет.
Руските научници во најновата студија откриле дека замрзнатиот слој на поранешната тундра може да претставува „банка“ на античките гени со кои би можело да се оживеат бројни изумрени видови.
До сега најстаро оживеано растение е палма од Израел чие семе било старо два милениуми, но семето од палмата во Израел било зачувано во длабок слој на земја каде сувите и ладни услови му овозможиле на семето да преживее.
Научниците сметаат дека најлесно е да се оживее растение од семе кое е чувано на -7 степени целзиусови.
Студијата која го носи името „Regenerated – seed study“ е објавена во списанието „Proceedings oft he National Academy of Sciences.“