Во интервал од неколку години беа откриени многу медицински и фармаколошки малверзации кои повеќето луѓе ги сметаат за обични теории на заговор. Неодамна објавената научна студија во British Medical Journal откри една од најнехуманите здравствени измами која со децении убива луѓе на најлош и најсуров начин. Станува збор за хемотерапијата.
Доколку пребарате на интернет, ќе откриете дека хемотерапијата се применувала дури и кога родителите на болните деца ја одбивале, а неколку случаи во САД покажале дека влијанието на злобната фармацевтска индустрија се коси со законите, бидејќи родителите на неколку деца заболени од рак и леукемија се во затвор или децата им биле одземени, само затоа што одбиле да ги трујат своите деца со хемотерапија, туку избрале алтернативен начин на лекување.
Во студијата под наслов „Associations between palliative chemotherapy and adult cancer patients’ end of life care and place of death: prospective cohort study“, научниците не само што покажале дека здравствениот систем не’ тера на „лечење“, покажале и дека нашите доктори всушност ни препишуваат терапија која е се’ освен бенигна и корисна.
Д-р Алекси Рајт, професор асистент на медицина во Институтот за канцерогени болести Дана-Фабер во Бостон, и водач на студијата, после објавувањето на истражувањето изјавила: „Постои одреден суптилен ’танц’ помеѓу онкологот и пациентот, откако докторот ќе им пристапи на во главно младите пациенти со терминални болести, бидејќи стигмата на болеста е толкава што пациентите мислат дека сме кренале раце од нив и дека ќе ги пуштиме да умрат“.
Рајт и нејзиниот тим испитувале 386 пациенти заболени од различни видови на рак во терминална фаза. Дури 56% од пациентите биле од редовите на помладата популација со висока едукација, и имале пооптимистичен став кон лечењето и прогнозите, па сепак сите тие умреле само 4 месеци откако започнала нивната партиципација во студијата.
Од испитуваните, 80% од пациентите одлучиле да ги послушаат советите на докторите и да продолжат со третманот на хемотерапија дури и кога било очигледно дека хемотерапијата додатно им го уништува здравјето. Сите починале во болниците, и имале тешка и болна смрт. Од нив, 65% од помладите и поедуцирани пациенти починале во своите домови, иако непосредно пред крајот на животот прекинале со хемотерапијата.
Истражувањето, покрај се, открило страшен факт дека сите пациенти кои продолжувале со третманите на хемотерапија имале многу поголема можност од умирање на интензивна нега, прикачени на низа апарати кои ја пролонгирале агонијата, наместо да го завршат животот во удобноста на својот дом, помеѓу најсаканите. Пациентите на хемотерапија имале и поголема можност од приклучување на апарати за дишење, а сите тие кои продолжиле со хемотерапијата стигнувале во болницата во просек неполни 7 дена пред смртта.
Извор: Точка