Внимавајте полицијата ќе лови пешаци – ќе дели црвени картони ако не минете на пешачки


Наместо казна, пешаците кои ќе минат улица непрописно, надвор од пешачки премин ќе добијат црвен картон од полицијата, а оние што ќе ја минат правилно ќе добијат зелен. Картоните се всушност информативни флаери кои треба да ја подигнат свеста за безбедноста на пешаците во сообраќајот

pesaciОд денес сообраќајната полиција во центарот на Скопје на пешаците ќе им дели црвени и зелени картони во зависност од тоа дали ја преминале улицата по пропис или направиле прекршок. Овие активности се дел од неделата за заштита на пешаците која ќе трае од 1 до 7 април, а е во организација на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП), МВР и на уште неколку министерства и невладини организации.

На црвените флаери ќе има информација дека пешакот направил прекршок и ја загрозил својата и безбедноста на другите во сообраќајот и информација дека за него би требало да плати глоба од 1.500 до 3.000 денари. На зелените флаери, пак, ќе има порака за благодарност за коректното однесување.

Лани загинале 48 пешаци
Во Македонија лани загинале 48 пешаци, а во просек годишно животот го губат 40 пешаци, а по нивна вина се случуваат 200 сообраќајни незгоди. Пешаците се една четвртина од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди, а дел од таа бројка се и деца.

За првите два месеци годинава 248 казни за непоминување на пешачки
Сообраќајната полиција лани изрекла 478 прекршочни казни на пешаци кои поминувале улица надвор од пешачката зона, а за јануари и февруари годинава 248. Казната е 25 евра. За поминување на пешачки, но на црвено светло се изречени 112 казни лани, а за првите два месеци годинава 38. Глобата за овој прекршок е 35 евра.

Вечер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1