Научниците предупредуваат – ни се заканува масовно изумирање


Во последните 540 милиони години, повеќе од пет животински видови се изумрени. До изумирање доаѓа кога повеќе од 75 проценти од видовите, умираат во периодот помал од два милиони години.

Можеби тоа на нас ни се чини како долг период, но, геолошки гледано, тоа е само трепкање со окото. Научниците веруваат дека на нас ни се заканува изумирањето веќе по шести пат. Постојат седум причини поради кои научниците би можеле да бидат во право.

1.Вулканот Yellowstone би можел да еруптира
Научниците предвидуваат дека поради тектонски промени, Yellowstone би можел да еруптира. Последен пат мега-вулканот еруптирал во Сибир пред 250 милиони години и не престанал речиси 1000 години. Испуштил толки слуфат и јаглерод и други плинови во атмосферата, што придонеле за нејзино променување. Температурите се менувале од фаза на екстремно ниски, до фаза на екстремно високи. Речиси 95% од организмите изумреле.

2.Има се повеќе инвазивни видови
На земјата човечкиот вид агресивно го има населено секој континент, освен Антартикот. Нешто слично како стаорците и лебарките, ние сме инвазивни видови, кои голем број од другите видови ги имаме протерано од нивните природни живеалишта. Пред 359 милиони години, 75% од видовите умреле во палеозојскиот период.

3. Климатските промени
Ледената прекривка секој ден се намалува се повеќе и повеќе. Температурите се повеќе се качуваат. Првото големо масовно изумирање се случило пред 540 милиони години по кратката ледена доба и периодот на стакленички гасови во атмосферата.

4. Киселоста на океаните
Зголемувањето на нивото на киселост на океаните допринело до убивањето на коралните гребени, кои се извор на живот на голем број на морски животни. Киселоста на океаните е исто така една од причините за изумирањето на дел од видовите во Јура периодот. Ако киселоста на океаните продолжи да се зголемува, тоа може да послужи како дополнителен фактор за изумирањето.

5. Периодичното растојание меѓу истребувањето се повеќе се намалува
Истребувањето е нормално. Научниците го истражувале и откриле временска шема во кое истото се случувало. Ако се водиме од нивните пресметки, тогаш може да се каже дека изумирањете на нашиот вид може да се случи многу набрзо.

6. Сите видови на мегафауни се изумрени
Еден од начините на кој што научниците ја утврдиле причината за изумирањето е проучувањето на разновидните фосили. Врз основа на пронајдоците може да се утврди кој вид од дивиот свет живеел во одреден период низ историјата. Земјата била дом и за магафауни, кои целосно измумреле.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1