2 пати каменуван возот со хрватите кои доаѓаат во Македонија


Во организација на навивачкото здружение „Секогаш верни“, хрватските навивачите тргнаа кон Скопје за да ја бодрат нивната репрезентација.

 

Тие го напуштиле Загреб во четвртокот доцна попладнето околу 17:15 часот, а во Скопје би требало да стигнат денеска попладне. По добриот стар обичај, атмосфера во возот била како тие веќе да победиле.

Но на самиот влез во Србија се случија два инциденти. Односно возот во кој тие патувале бил на два наврати каменуван.

Првиот пат камења летале веднаш чим влегол на територијата на Србија од Хрватска, а вториот пат во близина на Белград

Скршени се два прозорци, но нема повредени и не е направена поголема штета.

Српските навивачи сигурно имале информација кога точно возот ќе минува, со овој инцидент се продолжува традицијата на навивачки ,,сачекуши,, бидејќи и српските навивачи во неколку навртати им посакуваат ,,добредојде,, на хрватските навивачи кои минуваат низ Србија.

Вечерва околу 1700 хрватски навивачи ќе се упатат на стадионот Филип Втори на натпреварот на нивната репрезентација со Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1