Науката тврди: Наскоро ќе можат да се оживеат мртвите


Модерната технологија трди дека ќе можат да се оживеат мртвите откако престанале да дишат, независно од временскиот период и моментот кога настапила смртта.

vrakanje-od-smrttaDr. Sam Parnia американски лекар тврди дека наскоро ќе биде можно мртвите да оживеат по 24 часа од кога починале, со тоа што модерната технологија ќе овозможи нивно враќање во живот. Можеби секого нема да може да го спасат поради други здравствени проблеми, но поголем дел од луѓето дека ќе може да се спасат.
Dr. Parnia се осврна на смртта на американскиот актер Џејмс Гандолфини, ѕвездата од култната серија Сопранови и вели дека сигурно ќе останел жив доколу срцевиот удар го добил во Њујорк, наместо во Рим. Вели дека во ткивото би вбризгале кислород и тоа би го одржало во живот. Би бил клинички мртов под надзор на кардиолог кој би го пронашол тромбот, би го отстранил, притоа ќе се вгради стент и повторно срцето ќе работи.
Докторот се навраќа во минатото и вели како сегашната состојба на медицината е знак на голем напредок во однос на претходните години. Во моментов може да се оживее личност на отприлика два часа или подолго, па затоа во иднина со напредокот ќе може повеќе.
Исто така, нагласува како не треба да се замрзнува телото после смртта, туку постешено да се лади за подобро да се зачува мозокот како и кислородот во крвта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1