Канадските власти започнаа да прифаќаат барања од странци со стручна подготовка во оквирот на програмата за пополнување на дефицитарен кадар во одделни делови на земјата.
Министерот за имиграциони прашања Џејсон Кени изјавил дека со новиот програм се планира да се пополнат сите работни места за кои на земјата и недостасува кадар, со странци, а со тоа да се помогне за развој на земјата.
Канада има во план да прифати до 3000 барања од странци за точно 34 професии меѓу кои најбарани се електричари и механичари. За да може да се аплицира странецот мора прво да добие понуда за работа од некоја канадска фирма за да се осигура дека ќе има работно место по пристигнувањето во земјата.
Странците исто така мора да имаат познавање од еден од двата службени јазика во земјата – француски и англиски. Подетални информации за програмата има на сајтот на министерството за имиграција.
http://www.cicnews.com/2012/11/canada-announces-immigration-levels-year-111990.html
http://www.incanadanow.com/index.php/looking-for-work/