Изненадувачка победа на фудбалерите на Ајакс од 2-1 над Барселона, во Лигата на шампиони, заврши со немил настан. Еден од нивните фанови, при прославата на вториот гол падна од трибината висока 10 метри.
Падот од трибините на кој се наоѓаат најжестоките навивачи на Ајакс, популарните Копљаник, му нанесе тешки повреди на главата и се наоѓа во животна опасност. Иако првично се рашири информацијата дека навивачот починал, полицијата информираше дека е жив но има сериозни повреди и е во критична состојба.