Со Македонци нема натпевување – одржаа лекција на Хфактор – Даниел е новата ѕвезда (Видео)


Македонците на овој Х Фактор ја потврдија народната – каде со тој ум да се натпевуваш со македонци 🙂 Нашите преставници буквално цруваа на сцената. По Марија Ичкова која ги стресе со Лед Зепелин, па преку Данчо и Наталија, да не ја заборавиме и Фифи вчера блеснаа уште двајца Македонци.

daniel-kajmakoskiЕдниот Даниел Кајмакоски буквално ги остави со подзинати усти сите – родена е новата ѕвезда. Млад, скромен, со ангелски глас Даниел е 29-годишен македонец кој живее и работи во Австрија, а по потекло е од Струга.

Тој вечерва буквално одржа сериозна лекција на сите учесници на големото музичко шоу – X Фактор. Членовите на жирито останаа зачудени од неговиот настап.

По него уште една наша иселеничка која од неодамна живее во Скопје. Лена Заткоска живеела во Австралија а со нејзината изведба ја крена публиката на нозе

Погледнете како изгледаше нивната сценска изведба и слушнете ги коментарите на жирито.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1