Наздравје: И Албанија ќе и ни стави ВЕТО – Рама најави вето за Македонија (ВИДЕО)


Албанија го користи правото на вето на барањето на Скопје за Македонија да стане членка на НАТО, изјави денеска во Тирана премиерот Еди Рама, пренесе Балканеу.

Ова е првпат Рама да зборува за „одмазда“ на албанската влада против соседна Македонија. Тој истакна дека Албанија нема намера да го прифати пристапувањето на земјава во НАТО ако Охридскиот договор не е целосно исполнет.

rama

За време на неговиот говор на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, Рама се фокусирал на настаните во Куманово и зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО.

– За жал, во Куманово, зборовите тероризам и Албанец беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманов. Се што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно, или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор – рече Рама.

Рама додал дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но што се однесува на Македонија, порачал дека Албанија „ги поддржува сите напори за барање излез од кризата, но од Самитот во Велс во септември 2014 бара и да се донесе одлука дека најважната работа е гаранција за спроведување на Охридскиот договор“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1