Не чека ладна зима – цената на дрвото за греење до небо


Најавата на Здружението на сопственици на приватни шуми дека во Македонија ќе има криза со набавка со огревни дрва, се остварувa-информира Канал77.sekira drva

Граѓаните од ден на ден се’ потешко успеваат да обезедат дрва за оваа грејна сезона, а од ден на ден се зголемува и цената за еден кубик. Информациите велат дека тие секојдневно се менуваат и веќе достигнуваат и до 3600 денари за кубен метар, без разлика дали станува збор за шумови или дабови дрва.

Од Македонски шуми не можат да ги задоволат потребите на граѓаните.
Според претседателот на Здружението на сопственици на приватни шуми, Војо Секуловски кризата на пазарот со огревно дрво се должи на фактот што јавното претпријатие нема доволен дотур на дрва соодветно на потребата на граѓаните во земјава.Според него, засега има исечено од 300 до 400.000 кубици огревно дрва, а на пазарот има потреба до 1 милион кубици.
Од приватните фирми коишто обезбедуваат и продаваат дрва за жителите од источна Македонија, велат дека проблем со огревно дрво во овој дел на земјава нема, но го има во другите делови од земјава. Фирми најмногу од Скопје, доаѓале и ги земале дрвата од приватните стоваришта нудејќи многу повисоки цени, дури и до 4200 денари за метар кубик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1