Не е постигнат договор за Изборниот законик


Договор за измените во изборната регулатива не е постигнат на преговорите на работната група, кои траеле до четири часот утринава, а не се знае ни кога ќе има следна средба, откриваат извори од политичките партии.

„Навистина е разочарувачки што обврската што ја презедоа лидерите во однос на крајниот рок од 6 октомври не беше испочитувана“, изјави во четврток евроамбасадорот Аиво Орав, по синоќешната рунда преговори меѓу партиските работни групи за измените на изборното законодавство.izbori livcinja

Сега, се очекува во петок, странците да им достават решенија за изборната регулатива на претставниците на четирите партии, за кои ќе треба да се разовара.

Неофицијално постигнување  договор не било можно поради постојано барање паузи, предомислувања за теми кои се сметале апсолвирани, несериозност во разговорите…

Од работната група не соопштуваат детали за кои прашања постоеле најмногу спротивставени ставови, но се дознава дека не се постигнал договор за гласањето на дијаспората.

Ноќеска се очекуваше да биде постигнат договор за Изборниот законик, откако претходно околу 20 часот беше повлечен законот за необјавување прислушувани разговори од страна на пратениците од ДУИ, Талат Џафери и ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

Олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте ја поздрави ваквата одлука на ДУИ и ја оцени како преземање на одговорност.

„Талат Џафери го повлече законот од парламентот. Овој закон сега оди во работната група, каде ќе разговараме, ќе дадеме нови предлози заедно со законот за заштита на „свиркачите“. Текст ќе биде доставен во парламентот пред 20 октомври“, изјави Питер Ванхауте.

Орав, пред вчерашните преговори во Клубот на пратениците, беше оптимист и изјави дека има напредок во преговорите, при што изрази очекување дека ќе биде постигнат договор.

На синоќешните преговори присуствуваа и американскиот амбасадор Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав и ослеснувачот Питер Ванхауте.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1