Не е тешко, а е прекрасно – Рецепт за слатко од портокали


Во периодот кога има превкусни и евтини портокали навистина е жалосно да не се обидете да го направите овој рецепт. Пригответе домашно слатко од портокали на радост на целото ваше семејство.

slatko-od-portokalСОСТОЈКИ
1 кг портокали
1300 г шеќер
1 лимон (сок од половина лимон и парчиња од втората половина лимон)ПОДГОТОВКА

1.Портокалите се мијат и се ставаат во сад, се залеваат со вода и се варат околу 10 минути или се додека омекнат. Водата се исфрла, а портокалите се залеваат со ладна вода за да се оладат.
2.Во истиот сад се става шеќер и вода колку да се натопи шеќерот и се вари додека се добие густ сируп.
3.Портокалите се сечат на парчиња, се отстрануваат семките и се истураат во садот со сирупот. Се додава и половина лимон и парчињата од втората половина лимон.
4.Слаткото се вари со повремено мешање, на среден оган се додека парчињата портокал не станат прозрачни или корката омекне. Ако се појави густа темно жолта пена, таа се отстранува.
5.Слаткото се собира врело во суви и чисти тегли кои се затвораат со капак одма штом се наполнат и се чуваат на суво и ладно место.

Повеќе фотографии од начинот на подготовката погледнете овде migusto.mk – фотогалерија слатко од портокали 
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1