Шокантно одекна веста дека поради проблеми со тетивата неизвесен е настапот на најдобриот одбранбен играч во нашиот состав, Аце Јоновски на натпреварот утре со Унгарија
Јоновски самиот демантираше:
“Вчера навистина почувствував болка во пределот на тетивата, но денеска немам никаков проблем, а го одработив и денешниот тренинг. Добар сум и утре ќе настапам на натпреварот“.
Претходно се рашири веста дека поради проблем со Ахиловата тетива, клучниот играч во одбраната на македонската репрезентација, Ацо Јоновски денеска бил принуден да го пропушти тренингот и дека е неизвесно дали ќе е подготвен за настап во соочувањето со Унгарија.