Од стари времиња кружи приказна дека на Земјата има луѓе колку што има ѕвзеди на небото, така што секој има своја ѕвезда.
Таа засјајува кога човекот ќе се роди, а паѓа или исчезнува кога ќе умре. Кога ќе падне помала ѕвезда, тогаш завршил животот на обичен смртник, а кога е поголема, се верува дека се работи за некој владетел или личност која на некој начин го задолжила човештвото.
Народни верувања за ѕвездите и децата
Според верувањето, на децата не им е дозволено да бројат ѕвезди зошто ако наидат на својата, таа ќе падне и детето ќе умре. Личната ѕвезда постојано не следи, каде и да одиме, ѕвездата е со нас.
На сон, кога несвесниот дел е поактивен и каде секогаш стои некоја тенка линија меѓу животот и смртта, нашата ѕвезда никогаш не спие, туку неуморно бдее над нас. И меѓу ѕвездите има добри и лоши. Заедно со Сонцето и Месечината живеат во семејства, постојано се движат и се договараат.
Родени под среќна ѕвезда
Затоа се вели дека состојбата на небото одговара на онаа на Земјата. На тоа верување се заснова науката за ѕвездите која трева да препознае такви движења и кажува што ќе им донесе радост, а што тага.
Кога некој е успешен во својата работа, ќе стекне ненадејна популарност, ќе добие награда на лотарија, ќе преживее некоја несреќа, ќе пронајде (да речеме) ќуп со злато или нешто слично, а за тие луѓе постои една единствена општа одредница, а таа е дека се родени под среќна ѕвезда.