Не инсталирајте iOS6 – Корисниците на IPhone бесни – Батеријата е слаба и прегрејува


По инсталирањето на новата верзија на iOS, дел од корисниците на телефоните на Apple се жалат на прегрејување и кратко траење на батериите, како и на проблеми со 3G мрежата.

smartphone-appleКорисниците на iPhone на разни форуми пријавувале проблеми дека нивните телефони по инсталирањето на iOS 6.1 прегрејувале и дека батерија многу брзо се празнела.

На The Next Web велат дека проблемот е толку голем што компанијата Vodafone во Велика Британија им испратила на корисниците на iPhone 4S СМС порака во која ги предупредила, ако се уште не го инсталирале iOS 6.1, да не го прават тоа и ги советувала да почекаат објава на нова верзија во која Apple ќе ги поправи проблемите со 3G мрежата.

На оваа страница се напоменува дека проблемите со новиот софтвер за iPhone не се лимитирани само на моделот 4S во Велика Британија, туку се однесува на повеќе модели на телефони на Apple ширум светот.

Од Apple нема официјални информации за прегрејување и послаба батерија на телефоните така што не е познато колку корисници ги имаат овие проблеми и се шпекулира дека тие се поврзани со мејловите и со Microsoft Exchange.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1