Кристина Каплановиќ (19) од Нова Варош која беше тешко ранета на бензиска пумпа кога разбојник и пукал во главата и тоа поради 10.000 динари починала вчера во Белград во 18:30 часот по четиридневна борба на лекарите да и го спасат животот.
Според извори на телеграф.рс, девојката пред школувањето живеела со родителите и сестрата во Нова Варош во селото Вилови. За Кристина жителите на ова место имаат само пофални зборови.
– Сите сме шокирани од оваа трагедија. Кристина беше добро и вредно дете, учеше и истовремено работеше за да си го плати школувањето. Никога за нејзе не сме слушнале лоши зборови. Нејзините родители се чесни луѓе.
– Живеат во село, се занимаваат со земјоделство, сточарство, чуваат крави, овци, се исклучително вредно. Страшно е тоа невино дете така да им заврши.
– Утре во текот на денот треба да биде погребот, но не можам со сигурност уште ништо да ви кажам. Чекаме телото да го донесат од Белград – кажале за телеграф.рс членови на семејството.
Нападот се случил во четвртокот околу 23:00 часот, кого разбојник влегол во бензиската пумпа која се наоѓала на излезот од Белград во правец накај Ниш во која работела несреќната Кристина и уште двајца нејзини колеги.
Нервозниот напаѓач одеднаш почнал да замавнува по работниците и изненадно испукал.
Куршумот завршил во главата на несреќната девојка. Кристина паднала на под а колеги повикале Итна помош и полиција, додека разбојникот избегнал.