Не користете картичка за плаќање пред да ги научите овие 10 правила


Платежните картички се повеќе се неизбежни во секојдневието и на нашите граѓани. Се плаќаат сметки, се вади од банкомат, се пазари по маркети, некои се осмелуваат да пазарат и на интерент – други пак се уште се плашат да го сторат тоа за да не останат со празни џепови доколку некој им го украде иднетитетот и шифрата од картичката. Како и да пред да користите картичка за плаќање било што би требало да ги знаете овие 10 златни правила кои ги пренесува порталот Денар.мк

cards_1774129b

1. Веднаш штом ја добиете картичката во банка потпишете се во просторот кој е предвиден за вашиот потпис.

2. Чувајте ја вашата картичка исто како што ги чувате и парите. Не ја оставајте никаде без ваш надзор, на пример во автомобилот, во кафулето, барот, ноќните клубови или на плажа.

3. Никогаш не го запишувајте вашиот ПИН број туку запамете го.

4. Доколку е можно, вашата картичка нека ви биде секогаш на вид.

1012-debitcard_full_600

5. Пред да се потпишете, секогаш проверете ја сумата која ја пишува на потврдата за одобрената трансакција, сочувајте ја копијата од потврдата, како и потврдата за трансакцијата која сте ја направиле на банкоматот.

6. Никогаш не го кажувајте вашиот број на картичката преку телефонот, освен ако не станува збор за проверена компанија во која сакате да платите.

7. Секогаш проверете го изводот од банката, особено по патувањата. Споредете го изводот со потврдите од трансакциите кои сте ги добиле на банкоматите или во продавниците.

credit-cards8. Запишете го бројот на картичката и бројот на телефонот за пријава на кражба на картичката. Овие податоци чувајте ги на сигурно.

9. Никогаш не го откривајте вашиот ПИН број. Никој од финансиските институции, полицијата или продажното место не смее да ве праша за вашиот ПИН број. Вие сте единствената личност која треба да го знае.

10. Доколку вашата картичка се заглави во банкоматот внимавајте и не верувајте во секој кој ќе ја понуди неговата помош, дури и да станува збор за обезбедувањето од банката. Криминалците можат да го дознаат вашиот ПИН на неколку начини. Тие може да ве следат додека сте на банкоматот и да го видат вашиот ПИН, а подоцна и да ја злоупотребат вашата картичка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1