Се викам Дејан и сум од Чачак. Таму целото мое семејство почина од рак. Немам ни жена ни деца. Останав сам… ја почнува својата приказна бездомникот кој засолниште нашол во еден запуштен тунел, налик на пештера.
Тој пред 20 години отишол во Белград за да работи како физички работник. Потоа се разболел и не бил способен за работа, а и никој не сакал да му даде работа. Потоа се откажал од барање и никому не сакал да му смета и да бара помош.
– Пропаднав, што да правам сега. Живеам како што можам, па до кога издржам, издржам. Друг избор немам, им раскажал тој на српските новинари гледајќи во земја.
Инаку Дејан е дијабетичар. Откако дознал дека ја има таа болест ослабел цели 40 кила. Не се надева дека има уште многу време за живеење затоа што нема пари за лекарства. На прашањето што му е најпотребно од помош, тој рекол дека најмогу би му помогнале храна и инсулин.