22 – годишната студентка Кристина Спирс се трудела да живее здраво. Вежбала по шест пати дневно, работела како инструкторка по јога и пиела многу вода за да не и дехидрира телото. Кога престанала да чувствува замор и почнала да станува повеќе пати во текот на ноќта за да оди во тоалет не се загрижила.
По извесно време дознала дека причина за губењето на потребата за сон е тумор на надбубрежната жлезда од 10 сантиметри поради кој хормоните и работеле и во текот на ноќта.
Откако било утврдено дека нејзиниот тумор произведува два хормона – кортизол и алдостерон, доктор Вилијам Инабнет, еден од директорите на болницата „Маунт Синај“ од Њујорк, се исплашил дека канцерот може да биде проблематичен и и закажал операција за 29 октомври 2012 година.
Кога ураганот „Сенди“ во октомври 2012 го погоди подрачјето на Карибите и САД, во болницата каде што била сместена Кристина настанал хаос.
Пациентите од болницата „Лангони“ биле евакуирани во болницата „Маунт Синај“ и лекарите од двете болници работеле заедно за да им помогнат на најтешките случаи.
Болницата била преполна и повеќето од операциите биле откажани. Сепак, Кристина имала среќа да биде оперирана и да и биде отстранет туморот од втор степен. Според зборовите на лекарите, операцијата била незгодна затоа што туморот се прилепил и за црниот дроб. Карциномот на кората на надбубрежната жлезда погодува еден од неколку стотици илјади луѓе.
„Не ми беше страв што снемува струја“, вели Спирс, присетувајќи се на закрепнувањето по бурата, важно и било што е жива.
Една година по интервенцијата Кристина вели дека се чувствува добро, зема лекови за ракот да не се врати повторно. Поради медикаментите често чувствува замор, но дека полека повторно стекнува доверба во сопственото тело.