Не му ја дале невестата: Прво го масакрирал своето, а потоа семејството на девојката!


Семејство од десет луѓе е убиено во Пакистан откако таткото одбил да ја даде ќерката да се омажи, наведуваат од локалната полиција, пренесе Си-Ен-Ен.

Гул Ахмед Саид е обвинет дека ги убил своите вујко, вујна и нивните осум деца откако неговиот вујко одбил да му дозволи да се ожени со една од неговите ќерки, истакнува пакистанската полицијаnevesta

Злочинот се случил во Чарсад дистриктот на северот од Пакистан, истакнува локалниот полицаец Шафиулах Кан и додава дека караницата почнала околу количината злато која требала да биде понудена за бракот.

Девојката, како што се наведува, сакала да се омажи иако е роднина на осомничениот.

Инаку, за Саид постои потерница од ноември 2014. година, поради убиство на своите родители, братот и неговата жена, пишува Си-Ен-Ен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1