Не оставај ташна на земја, не фрлај ѓубре пред пат, не сечете нокти навечер – еве зошто


Понекогаш дури и луѓето кои цврсто негираат да веруваат во суеверија и знаци, сакаат да ги знаат чисто за забава. Погледнете  кои се најпопуларните суеверија и што е нивното значење.

losa srekjaЗа разлика од скршеното огледало, за кое се верува дека води до  загуба на пријател или 7 години несреќна  љубов, кршењето на чаша или чинија е среќа.

Ако случајно се сопнете со левата нога , додека одите, очекувајте да ви се случи нешто убаво. Со десната бидете подготвени за проблеми.

Ако ве чеша  левата рака, ќе земате пари. Ако е десната – ќе давате.

Кога на пролет првпат ќе ја чуете песната на кукавицата , треба да се фатите за паричникот. Така ќе биде плодна целата година.

Излегувате од дома, па сфаќате дека сте заборавиле нешто. не се враќајте бидејќи ќе ве прати малер во текот на денот.

Никогаш не отворајте чадор дома . Причина – не било убаво.

Лоша среќа е, ако ги сечете  ноктите доцна навечер.

Ваш близок ќе се разболи ако го превртите лебот.

Кога на вас, или на некој близок му претстои патување , не се исфрла ѓубрето пред да замине  за да нема инциденти.

Не пеј, додека си на маса – ќе те снајде несреќа.

Не оставајте ја  чантата  на подот, бидејќи парите ќе ви избегаат од неа.

Не го оставајте последниот залак леб на масата и не ги тресете рацете од трошките, бидејќи така си  ја фрлајте среќа.

Ако стоиш на аголот на масата, нема да се омажиш/ожениш или нема да те сака свекрвата ( за девојки).

Ако за време на оброк од масата падне нож, очекувај да ти дојде на гости маж. Ако ви падне  вилушка или лажица – ќе ве посети жена.

Ако кивнеш, значи некој те спомнува во разговор. Ако икате тогаш некој мисли на вас.

Ако ве полази пајак, очекувајте наскоро гости.

365.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1