Голем проблем со Blue Screen of Death (BSOD) на Windows денес остави илјадници компјутери офлајн. Пропустот зафати банки, авиокомпании, телевизии, супермаркети и многу други бизниси низ целиот свет.
Ова е сериозен проблем со оглед дека е период на летни одмори и многу од граѓаните се во странство, а може да се соочат да не им работат кредитните картички, да им бидат откажани авионските летови или да не можат да добијат здраствена помош. Проблеми се пријавени и на Балканот, во Србија, Хрватска но и во Македонија.
@anita_petrovska_rajkovic Golem IT problem vo svetot i kaj nas 19.07.24 – ne rabotat karticki, otkazani letovi, …- Windows global IT outage… #it #windows #problem #flightcancelled #airport #creditcard #notworking #globaloutage ♬ original sound – anita_petrovska_rajkovic
Во Македонија прекин на електронското и мобилно банкарство има ПроКредит Банка.
Повеќе од 1.000 летови се откажани ширум светот денеска, според компанијата за авијациска анализа „Цириум“.Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“, потврди дека е погоден од големиот глобален ИТ дефект денеска. Од 11:00 часот БСТ), откажани се 84 летови до и од Истанбул, како и на различни локации низ Европа.
Нискотарифниот авиопревозник на Туркиш ерлајнс, „Еј-Џет“ (AJet), исто така, вели дека има прекини во онлајн издавањето билети, резервациите и центрите за повици.
Сите аеродроми во Шпанија пријавиле дека имаат проблеми поради прекин на ИТ, што денеска погоди компании ширум светот, соопшти аеродромскиот оператор „Аена“.
„Поради инцидент во ИТ системот, има прекини во системите на Aeнa и на аеродромските мрежи во Шпанија што може да предизвикаат одложувања. Овој глобален технички инцидент главно влијае на резервациите и на информациите за патниците“, објави операторот на социјалната мрежа Икс, велејќи дека некои операции продолжуваат благодарение на „мануелните системи
Не може да се чекирате онлајн, „Визер“ бара патниците да пристигнуваат 3 часа пред летот
Пристигнете на аеродромот најмалку три часа пред летот, апелираат од „Визер“ по денешниот ИТ-колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот проблем на глобалните ИТ-системи, кој не зависи директно од „Визер“.
„Како и сите авиокомпании денес, и „Виз ер“ се соочува со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ-системи од трета страна. Патниците на „Визер“ може да доживеат прекини во мрежата бидејќи услугите на веб-страницата и мобилните апликации привремено се недостапни“, се вели во соопштението.
Следниве онлајн-услуги во моментот не се достапни:
– веб-страница и мобилна апликација на „Визер“;
– систем за резервации;
– онлајн-систем за пријавување и прикажување на блиетот за патување;
– контакт-центри – нови резервации и промени на постојните.
„За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот“, се додава во соопштението.
Германија: во главниот град Берлин со часови не полетува или слетува ниту еден авион на аеродромот БЕР во Шенефелд. „Поради технички дефект има доцнења во обработката. Воздушниот сообраќај е прекинат во 10 часот“, изјави портпаролката на аеродромот.
Аеродромот „Шипхол“ во холандскиот град Амстердам пријавил доцнење на летовите поради дефект на компјутерот.
Американските воздухопловни власти објавија дека летовите на различни авиокомпании се приземјени, без разлика на нивната дестинација. Нема информација колку долго ќе трае прекинот на летовите во Америка.
Летовите беа прекинати и на аеродромот во австралискиот град Сиднеј.
Проблеми биле пријавени и на аеродромот во Хамбург. Погодени се компјутерските системи од четири авиокомпании, изјави портпаролката на аеродромот. Тоа се Еуровингс, Рајанер, Вуелинг и Туркиш Ерлајнс. Авиокомпаниите првично би ги издавале билетите рачно. Дополнителни прекини се пријавени на аеродромите во Австралија, Индија, Чешка, Холандија и САД.
Корисниците на Мајкрософт веќе не можеа да пристапуваат до нивните програми како обично. Новинските канали во Австралија – вклучувајќи ги Еј-Би-Си и Скај њус – не беа во можност да емитуваат преку своите телевизиски и радио канали и пријавија ненадејно исклучување на компјутерите базирани на Windows. Нешто слично објави и Скај њус во Велика Британија. Таму се регистрирани нарушувања и во ИТ на здравствениот систем, преку кој лекарите пристапуваат до податоците на пациентите. Во Јужна Африка бројни банкомати не биле во функција. Во многу супермаркети биле погодени системите за наплата.
Погодени ИТ системи на Олимпијадата во Париз
Организацискиот комитет за Олимпијадата во Париз вели дека и неговите ИТ операции биле погодени. Но, на само една недела до почетокот на Игрите, Комитетот вели дека има планови за вонредни ситуации.
„Мајкрософт“презема „дејства за да го ублажи“ проблемот со услугата.
Според некои извештаи, компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike), која произведува антивирусен софтвер, издаде ажурирање на софтверот, што тргнало во погрешна насока и ги нарушува уредите со Виндоус, па го поттикнало таканаречениот „син екран на смртта“ на компјутерите.