Не сакаше деца бидејќи знаеше дека вака ќе умре – Проговори девојката на убиениот уредник


Девојката на уредникот на весникот „Шарли Ебдо“, Стефан Шарбоние, проговорила во медиумите за прв пат по трагичниот масакр во кој животот го изгубија 12 лица, меѓу кои и нејзиниот долгогодишен партнер.

-Секогаш знаев дека Шарб ќе умре на овој начин, баш како и Тео Ван Гог, рекла Жанет, мислејќи на холандскиот карикатурист кој беше убиен во 2004-та година.500zanet-bugrab-partnerka-s

-Го молев да ја напушти Франција, но тој не сакаше. Мојот партнер е мртов затоа што црташе во весник. Никогаш не сакаше деца бидејќи знаеше дека ќе умре. Живееше без страв, но знаеше дека ќе го загуби животот, изјавила отворено Жанет.

Жанет Буграб е влијателна француска политичарка и поранешна министерка. Шарб со неа и со нејзината посвоена ќерка Маја, живеел последните три години.

-Умре горд. Го бранеше секуларизмот и духот на Волтер. Во срцето, тој беше плод на идеалите на Републиката каква што ја заборавивме. Убиен е со своите соборци, како што самиот знаеше да ги нарече. Денес сум тука, не како поранешна владина министерка, туку како жена која го загуби својот сакан човек, убиен од варвари. Секогаш му се восхитував, и пред да се заљубам во него. Му се восхитував затоа што беше храбар. Мислеше дека животот е ситница додека ги бранеше своите идеали. Познавате ли денес некој таков човек? Не. Затоа што умреле, беа убиени, заклучила таа.

За време на обраќањето во медиумите, Жанет изјавила дека сите убиени карикатуристи би требало да бидат погребани на Партенон покрај Волтер и Жан Жак Русо, каде што се погребани најголемите француски херои.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1