Не се бара нафта во Охрид – туку ќе се утврдува колку е старо езерото


Огромни кранови, дигалки, контејнери, метални челични цевки и огромна машина-дупчалка се само дел од „реквизитите“ кои деновиве ќе отпловат на веќе монтираната платформа, донесена специјално од Англија на средина на Охридското Езеро, каде ќе дупчат на голема длабочина под дното на езерото.

Оваа необична активност има за цел да ја испита староста на Охридското Езеро.

platformaezero

Утврдувањето на точната старост и потеклото на езерото е токму главната цел на меѓународниот проект со работен наслов „Научна соработка за проучување на условите на специјација во Охридско Езеро“. Според директорката на Хидрбиолошкиот институт во Охрид доктор Сузана Патчева, идејата за проектот се базира врз прелиминарните сеизмолошко-седиментолошки истражувања кои беа извршени во Охридско Езеро во периодот помеѓу 2004 и 2011 година.

Дупчењето ќе биде вршено на пет точки на езерското дно кои се избрани врз основа на претходно извршените сеизмички, седиментолошки и тектонски испитувања.

Проектните активности се планирани да траат шеесеттина дена во периодот од 1 април до 17 јуни годинава. Опремата што ќе биде користена при дупчењата, како што велат во Хидробиолошкиот институт ги има сите потребни сертификати за квалитет и безбедност.

Главен истражувач на проектот е Д-р Бернд Багнер од Институтот за геологија и минерологија при Универзитетот во Келн, Германија.

Супер радио

фото: www.ohrid1.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1