Жером и Ален Марсел од Франција официјално биле венчани во 1993 година иако никогаш во животот не се сретнале
Во своја репортажа телевизијата “Франс 3“ наведува дека првиот геј брак во Франција е склучен уште 1993 година кога службеникот на општината Клермон-Феран, во централна Франција, случајно го склучил бракот меѓу Жером и Ален Марсел.
Прв за бракот дознал Жером кога во 1996 година дошол во општината за да извади извод од матична книга на родени.