Џесика Бејкер и нејзиниот сопруг од Минесота добиле сметка од 75.90 долари од нивни пријатели кои неодамна правеле свадба, бидејќи иако им рекле дека ќе дојдат на свадба, тие не дошле, а младенците таа сума ја платиле за нивните две празни столици.
– Мора да се шегуваат! Ни испратија сметка како ние да сме изеле две парчиња риба, а потоа на сметката ни ја додале и цената на услугата и данокот – изјавила Џесика за локалната телевизија