Не си давајте пари џабе – продаваат фалс тенџериња со злато


За стари златни предмети нудат садови од росфрај, за кои тврдат дека се со висок квалитет, но стручни лица предупредуваат дека се работи за фалсификат со сомнителен квалитет, а можеби и изработени од опасен материјал, пишува Дневник.Странци на кривопаланчани им нудат и продаваат садови за готвење, за кои тврдат дека се од висококвалитетно производство од марката „Силвер Ројал Солинген“. За овие производи, пак, наместо пари, барале злато и златни предмети и ги уверувале граѓаните дека се работи за оригинални садови, а цената ја одредувале според грамови од благородниот метал.


– Неодамна дојде еден човек, кој зборуваше српски и ми понуди комплет тенџериња за готвење. За нив ми побара да му дадам нешто златно, што било, некој скршен прстен, обетки, синџирче… Му реков дека немам и си отиде.

tendjerinja

Некои ја прифатиле понудата и во замена за златни предмети купиле од понудените производи.

– Ми рекоа дека се од висококвалитетен росфрај. Им дадов ситни златни приврзоци и едно скинато синџирче, а тие ги измерија и ми рекоа дека има околу 3 грама. Ги купив пред еден месец, ама с` уште не сум готвела во нив. Не знам какви се, дали се оригинални, вака не изгледаат лошо. Ми дадоа и картичка, ми рекоа сум можела преку неа да проверам за нив на интернет – вели 67-годишна пензионерка.

Фирма-увозник за Македонија на оригиналните производи од познатата компанија CS (Carl Shmids zohn) од германскиот град Солинген тврди дека се работи за фалсификат со сомнителен квалитет, а можеби изработени и од опасен материјал.
Од фирмата предупредуваат дека од 2012 година, според европските правила, на секој производ мора да има име на фирмата, адреса, веб-страница, телефон или препознатлив жиг, на што особено треба да обрнат внимание купувачите.

повеќе инфо на – Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1