Не сме најзадолжени – Македонецот должи 1.176, а Хрватот 5.337 евра


Со вкупниот долг од 2,42 милијарди евра до октомври, Македонија остана најмалку задолжената земја во регионот.

Како што пишува Дневник долгот е 30,6 проценти од вкупниот домашен бруто-производ. С

Соседна Србија – до октомври јавниот долг стасал до 57,5 проценти од вкупниот БДП. Според пресметките по бројот на жители во земјата, секој Србин сега должи дури 3.076 евра, додека долгот на секој граѓанин од Македонија е 1.176 евра.

Од регионот, по Србија, на списокот со најзадолжени е Црна Гора – должи 1.700.000 евра, а секој Црногорец нешто повеќе од 2.718 евра.

Хрватска има долг од 22,9 милијарди евра, или секој Хрват должи  5.337 евра.
Секој Словенец должи по повеќе од 8.270 евра.

Во ЕУ задолжени повеќе од дозволеното

Јавниот долг на Грција изнесува 120 проценти од БДП, на Италија 118 проценти, на Белгија 96, на Ирска 94, следува Германија со јавен долг малку поголем од 80 проценти.

Јавниот долг на Јапонија е 235 проценти од БДП, во најголем дел е внатрешен. Русија и Kина речиси и да немаат проблем со јавните долгови. долгот на Русија е само 13 проценти од БДП, но секој жител на оваа земја должи околу 1.250 долари.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1