Не смее некој да заработи за 1 месец колку што друг има цела година – Швајцарците денес на референдум


Швајцарците в недела излегуваат на референдум за да одлучат дали треба да се ограничи висината на менаџерските плати на максимум 12 пати повеќе од минималната плата исплатена во нивната компанија.

svajcarija referendumТаканаречената иницијатива “1:12 Фер пеј” ја покрена младината на швајцарската социјалистичка партија и искористувајќи го швајцарскиот модел на директна демократија ги собраа потребните 100 илјади потписи за да може да се одржи референдум. Иницијативата тргнува од идејата дека никој во едно претпријатие не би смеел во еден месец да заработува повеќе одошто некој друг во цела година.

“Швајцарското богатство е многу нечесно распоредено”, изјави Давид Рот, челник на социјалистичката младина. “И додека првокласните швајцарски менаџери заработуваат милиони, повеќе од 300 илјади Швајцарци работат за “боранија”, додаде тој.

Многу е веројатно дека оваа иницијатива нема да помине. Иако минатиот месец, според анкетите, исходот беше сосема неизвесен, новите истражувања покажуваат дека сега за оваа иницијатива би гласале само 36 отсто од гласачите. Причината за оваа промена се бара во тоа што големите компании започнаа маркетиншка кампања во која истакнуваат дека усвојувањето на ваква мерка ќе доведе до одлив на капитал од Швајцарија, а освен тоа дека лимитирањето на платите е напад на просперитетот и слободата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1