Како и кои се условите да добиете од Владата од 3 000 до 17 000 евра?


Два вид на програми за невработените спроведува Агенцијата за вработување. Програма со мерки што треба да обезбедат директни вработувања и Програма со мерки за подготовка на вработување. Во првиот случај, целта на програмата е да се намали невработеноста преку започнување на сопствен бизнис и отворање на нови работни места.На листата невработени кои можат да аплицираат за државни пари се невработени подолго од една година, екс-професионални војници, млади лица и постари лица, пишува Фактор.мк.

Неповратни средства за сопствен бизнис, еве кои се условите :

Преку оваа програма државата нуди неповратни финансиски средства, во различнен износ во зависност од повеќе фактори:

pari-Во првиот случај за секое самовработување се предвидуваат по 3 300 евра неповратни средства, од нив 3 000 евра во вид на директна поддршка за набавка на опрема, репроматеријали, додека останатите околу 300 евра, служат за поддршка во вид на основна обука за водење бизнис во времетраење од најмалку 5 работни дена, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

-Различна е финансиската поддршка за лицата на кои им е потребна обука. Тие можат да вкупно добијат близу 3 077 евра, од кои 3 000 евра во вид на директна поддршка за набавка на опрема и репроматеријали и остантите 77 евра за регистрација на бизнисот и обука со советување за бизнис и претприемништво.

Агенцијата за вработување во текот на оваа година објавила дава огласи за самовработување по овие основи, еден во февруари и уште еден во мај.

Еве кои лица имаат право да аплицираат за овие пари :

-долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ)

-поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини

-професионални војници на кои им престанала службата во АРМ

-млади лица до 29 годишна возраст

-лица на возраст од 30-49 години

-корисници на паричен надоместок по основа на невработеност

Самовработување со кредитирање, еве кои се условите:

oglas rabota vrabotuvanjeКлучната цел на оваа мерка е да се легализираат постоечките неформални бизниси. Овој коцепт почнува да се реализира од 2008 ма година. За ваков вид на кредит можат да аплицираат невработените, без разлика колку време се без работа, но мора да бидат регистрирани како активни баратели.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

-За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра.

-За дејности од поголем обем за кредитобарателот 5.000 евра, а за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра.

Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра. Каматна стапка од 1% на годишно ниво.

Сепак, за да се обезбеди овој кредит потребни се хипотекарно обезбедување и сопствено учество на кредитокорисникот. Така, кредитобарателот треба да обезбеди сопствено учество од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети или пари). Хипотекарната  гаранција за поврат на средствата треба да е во сооност 1:1 со одобрениот кредит.

Финансирање на нововработени во фирмите, еве кои се условите:

Преку оваа програма, според Агенцијата за вработување се обезбедува дополнителна финасиска поддршка во вид наматеријали и опрема за отворање на нови работни места во мали и средни претпријатија и кај занаетчии, регистрирани најмалку 1 година.

Еве кои услови треба да ги исполни фирмата за да може да аплицира :

-Регистрирани најмалку 1 година сметано до денот на објавување на јавниот повик.

-Кои на денот на пријавувањето не се во стечајна постапка и ликвидација.

-Кои ги имаат измирено сите обврски по основа на даноци и придонеси.

-Кои имаат остварено добивка во 2012 година.

-Кои не го намалиле бројот на вработените лица шест месеци пред објавување на Јавниот оглас со исклучок на природен одлив.

pari

Финансиката помош што коже да се добие се движи од 1 500 евра до 7 500 евра, во зависност од бројот на новоотворени работни места. За секое отворено ново работно место, фирмата може да добие 1 500 евра – неповратна помош, но не повеќе од пет работни места за кои би се добиле 7 500 евра. Ако не се почитуваат условите, фирмата ќе треба да ги врати парите.

“Работодавачот кој ќе вработи лица согласно со оваа програма, има обврска да ги задржи на работа најмалку 12 месеци од денот на засновањето на работниот однос со полно работно време или на нивно место да вработи друго невработено лице регистрирано во евиденцијата на АВРМ. Во спротивно ќе треба да ги врати средствата обезбедени во вид на опрема и материјали, во паричен износ сразмерно со времетраењето на вработувањето.“ – објаснуваат од Агенцијата за вработување.

Субвенционирање на вработување, еве кои се условите:

Со оваа мерка, според информациите од Агенцијата за вработување се таргетирани лицата од ранливите групи, кои тешко се вклучуваат на пазарот на труд. Предност во оваа програма имаат :

-корисници на социјална парична помош

-родители со 4 и повеќе малолетни деца

-лица под суспендирана заштита-лица на возраст од 30-49 години

-млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст

-возрасни лица од  50 до 59 години

-корисници на паричен надоместок по основа на невработеност

-долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ)

-млади лица до 29 годишна возраст

-професионални војници на кои им престанала службата во АРМ

-поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини

pari evra 1

Фирмата кои ќе одлучи да вработат лице од некоја од овие категории имаат обврска да го задржи на работа најмалку 18 месеци. За возврат, во првите шест месеци, ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 13 000 денари.

За нијанса поинакви се условите доколку работодавачот вработи лица од ранливите категории на граѓани како, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, собирачи на ПЕТ отпадоци, Роми и осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа.

“Работодавачот кој ќе вработи лице од ранливите групи и ќе го задржи на работа најмалку 18 месеци , ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 14 000 денари месечно за едно лице и 3 000 денари месечно како партиципација на трошоците за прилагодување на лицето во работниот процес, за период од првите шест месеци .“ – објаснуваат од Агенцијата за вработување.

Преку агенцијата се спроведе и специјална програма за субвенционирање на вработувања за деца без родители. Од Агенцијата за вработување велат дека ови програми ќе се спроведат и следната година.

Фактор.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1