Не смее ни реклама веќе кој чај што лекува – ќе мора да памтите дека нане е за стомак…


Нане за смирување болки во стомакот, слез за смирување кашлица, кантарион за лекување рани… Ова беа само некои од рекламите со кои досега се продаваа билките. Но од пред десетина дена билкарите и трговците кои до сега на чаевите истакнуваа за што с` може да се користат, од сега ќе смеат да го истакнат само името на билката.

lek4Здравственото тврдење за што таа помага ќе им биде одобрено само ако приложат научни истражувања за лековитоста. Kантарион, бршлен, гавез, глог, валеријана, даб, пелин…, се само некои од лековитите билки што подлежат на новиот правилник.

Kафе од кое губите апетит и магично слабеете, капки за подобра циркулацијата, додатоци во исхрана за понизок холестеролот или крвен притисок. Ова е само дел од рекламите што ги придружуваа производите во продавниците за здрава храна до почетокот од оваа година. Но, од 1 јануари ниту еден од нив не може да се продава со ваква реклама доколку за тоа нема научен писмен доказ изработен од соодветна институција во земјава или странство.

Истите правила што важат за рекламирањето на производот на амбалажа и во декларација, од 1 јануари важат и за телевизиска и за новинска реклама. Медиумите имаат обврска да побараат од компанијата што се рекламира да им достави мислење од Агенцијата за храна и ветеринарство за вистинитоста на тврдењата за здрава храна.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, најголем повеќето од овие производи ќе бидат отстранети од тезгите бидејќи нема да добијат дозвола за продажба поради тоа што ги немаат потребните документи. Од речиси 230 барања од страна на дистрибутерите, одобрени се само триесетина, а останатите се во фаза на проверка.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1