Не треба бензин оди на сонце – студенти од Босна направиле автомобил на соларна енергија (Видео)


Професорот Сабахудин Вртагиќ и магистерот Семир Шакановиќ, соработувајќи со учениците на Меѓународното училиште во Сараево, развиле автомобил на соларен погон.

Но, не се работи за било кој модел туку токму за легендарниот Yugo 45 кој е преуреден така што наместо нафта, за погонска енергија ја користи сончевата енергија, пишува порталот Klix.

jugo solarna

Соларниот Yugo е подолг за 95 сантиметри, а Вртагиќ објаснува дека токму тоа било една од најкомплицираните задачи при изработката бидејќи требало да се расече автомобилот, а потоа да се продолжи и повторно спои.

Така овој модел станал двосед, бидејќи задниот дел од автомобилот е резервиран за соларните панели и акумулаторите. Во автомобилот е вграден и електричен мотор од вилушкар, а неговата моментална моќ е шест киловати.

Кога е денот е просечно сончев, во рок од десетина часа може да се наполни еден од вкупно четири акумулатори, а кога нема сонце, акумулаторите може да се полнат и со специјален полнач.

Во автомобилот останал изворниот менувач со пет брзини и рикверц, но сега автомобилот има и две електрични брзини.

Вртагиќ вели дека при тестирањето била остварена максимална брзина од 70 километри на час, но дека вистинските тестови дополнително ќе следат кога автомобилот ќе биде регистриран и кога ќе излезе на некој од патиштата.

Нажалост, засега е проблем регистрацијата на автомобилот. Всушност, законите во БиХ не познаваат електрични автомобили, а посебно не такви на соларен погон.

– Ние немаме закон за електрични возила, е сега како тие ќе ги наречат навистина не знам, изјавил Вртагиќ за Klix.

Тој додава дека проектот го водел со своите ученици кои му помагале во сè, почнувајќи од собирање на сретства, па сè до самата изработка на автомобилот.

– Секако дека не смеев да им дадам да направат некои нешта кои би можеле да бидат опасни, како што е работата со еднонасочна струја, но во сите останати фази од проектот тие имаат голем придонес.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1