Не три, наскоро шест нови песни од Тоше


Од неколку студија ширум Европа во кои Тоше зпочнал да снима, продучентите собрале шест песни кои ќе ги објават следната година како посебен албум. Една песна е отпеана на српски јазик, и публиката веќе ќе ја чуе на 25 јануари, на денот на раѓањето на нашата легенда.

Славен Ристески, зетот на Тоше и британскиот продуцент Енди рајт стојат зад овој голем проект, кој ќе ги израдува сите фанови на Тоше. Било потребно време материјалот да се собере, но минатата недела во загребското студио на Никша Братош завршени беа првите три песни.

– Од три песни кои минатата недела во Загреб ги снимавме оркестарските делници, две беа кај Енди Рајт во Лондон, а една во компјутерот на Тоше. И таа му ја пратив да ја доработи, заедно со тие две кои ги имаше. А кога во студиото на Енди во живо беа снимени инструменти на матрицата на Тоше, се договоривме Енди со материјалот да дојде во Загрев и таму да ги направиме оркестарските делници, открива зетот на Тоше, Славен Ристески за српски Блиц.

Тој додава дека иако во медиумите беше најавено дека публиката ќе може да слушне три песни на Тоше, во прашање е само една единствена снимена на српски јазик.

– Неколкумина кои ја слушнаа демо-верзијата се воодушевени и веруваат дека публиката веднаш ќе ги прифати. Планираме следната година да го објавиме албумот на Тоше на кој, покрај овие три песни, ќе се најдат уште две кои се најдени во студио во Шведска и во Ирска, додава Ристески и вели

– Чести се ситуациите кои не потсетуваат на нашиот Тоше и болката е голема. Оттаму и сатисфакцијата што работиме на неговите песни затоа што тој живее низ нив, вели зетот на Тоше.

НОВИ ПЕСНИ
Во текот на животот, Балканскиот анѓел доста патуваше и снимаше во стидиото на Енди Рајт во Британија, во Лондон. Шест песни кои ќе се најдат на новиот албум се најдени во четири различни земји:
2 песни – од студиото во Лондон
2 песни – од Шведска
1 песна – од Ирска
1 најдена во студискиот компјутер на Тоше

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1