За фронтменот на Бијело дугме Горан Бреговиќ е снимен документарен филм во кој освен за музиката зборувал и за својот живот, раскажал дека за детството го врзуваат болни спомени, како и дека за малку ќе настрадал затоа што не го исполнил ветувањето кое си го дал себеси.
Појдов да купам лубеница, а дома се вратив со едрилица. Сретнав едно момче и го прашав дали ја продава едрилицата. Се останато е историја… И појдов на едрење кон Италија. Видов преубава црква и сакав да навратам, но имаше бура и се откажав од идејата. Меѓутоа, во тој момент ми се скрши кормилото, така што и денес има точка на грбот која ме заболува кога ќе се сетам на таа случка затоа што едвај спасив глава. Мислам дека се се случи затоа што не влегов во црквата, а реков дека ќе го направам тоа”, раскажал Брега.
Во филмот Брега зборувал и за своето детство и времето кога неговите родители живееле во село.
Татко ми немаше ни струја ни вода, имаше еден извор и тоа е се. Едвај го убедив дека треба да донесеме струја. Подоцна татко ми доби стан во Сплит, како офицер, и во тој стан ја снимив последната издадена плоча на Бијело дугме”, раскажал Брега и додал дека најтешко му паднал разводот на неговите родители.
Сепак, најтешко ни беше кога мајка ми се разболе од туберколоза. Тато секој ден одеше пред болницата, каде седеше и пушеше, се до моментот додека мајка ми не умре”, открил уште една своја тајна музичарот.
Во филмот Бреговиќ зборувал и за музиката, а раскажал и дека хитот “Има нека тајна веза” е посветена на затворски чувар.
Песната не е посветена на оние несреќно заљубени парови, туку зборува за затворски чувар кој животот го поминал чувајќи криминалци”, раскажал Брега.